Забава

Општина Дојран нуди бесплатен превоз и билети за концертот на Здравко Чолиќ

Општина Дојран објави дека организира бесплатен превоз и билети за концертот на Здравко Чолиќ на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје. Во соопштението на општината стои дека во соработка со ПЛАН Б Продукција превозот до градскиот стадион како и билетот за концертот се бесплатни.
Настанот ќе се одржи на 15ти јуни – сабота.
Сите заинтересирани граѓани од општината кои сакаат да присуствуваат на концертот треба да се пријават во просториите на Општина Дојран и со себе да понесат лична карта за идентификација.
Пријавувањето се врши од 08.00 до 15.00 часот.
Телефон за информации – 034 225 278.
Краен рок за пријавување – четврток 13.06.2019та година до 10.00 часот.

Препорачуваме:

Бизарни гурмански фестивали

Бритни Спирс повторно ќе стане мајка

Пијанманов: Без уметност не можеме да живееме благородно

Сузана Мицева