Регион

Општина Василево обезбеди средства за реконструкција на филтер станицата

Со средства обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмата  за управување со водите за 2023 година, општина Василево обезбеди средства за Реконструкција и надградување на филтер станицата на Ташли баир.

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, и Министерството за животна средина, завчера, 23.05.2023 година потпишаа Договор за доделувања на средства за финансирање на Проектот „реконструкција и надградување на филтер станица за прочистување на питка вода, во износ од 2 000 000 денари.

„Обезбедивме средства за реконструкција на филтер станицата ,,Ташли баир“.  Моето ветување го исполнувам. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе почнаме со темелно решавање на проблемот со вода за пиење во општина Василево. Ветувањата кон граѓаните се реализираат“!, напиша по тој повод градоначалникот Андонов на својот ФБ профил, https://www.facebook.com/vasilevo24

Од филтер станицата Ташли Баир со вода за пиење се снабдуваат жителите од населените места Василево, Ангелци, Градашорци, Едрениково односно околу 1550 домаќинство со  над  4,5 илјади жители.

Препорачуваме:

Во Струмица гласале 57,15% избирачи

Социјалните станови уште ги чекаат новите сопственици а Бочварски се пофали дека ќе гради 200 социјални станови

Стојне Митева

Бранко Бенинов: 500 снимени емиси во Тв ВИС се значаен дел од мојата кариера

Сузана Мицева