• Sat. May 18th, 2024

Социјалните станови уште ги чекаат новите сопственици а Бочварски се пофали дека ќе гради 200 социјални станови

Министерот за транспорт и врски Бочварски вчера се пофали дека ќе гради нови социјални станови, наменети за ранливи категории на граѓани. Ама за становите во Струмица никој не зборува. Кога конечно ќе се реактивира по четври пат огласот за распределбата на 37 те социјални станови.

Зградата на Горги Василев ги чека станарите веќе цела година. Неколку пати до сега се објавуваше оглас ама и се поништуваше, со образложение дека граѓаните не ги подполнувале правилно апликациите или немале соодветна документација. Побаравме одговор од ресорното министерствот , одговорот е ист како од пред некој месец. Комисиите од мешан состав , министерство за транспорт и врски како и труд и социјална политика неможеле да се состават. Тие треба да ја имаат главната улога за одлуката кој треба да добие стан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *