Регион

Околу 150 бегалци неделно минуваат низ земјава.Македонските власти мора да изнајдат решение за нивно регистрирање , децидни од УНХЦР.

20 ти Август 2015 година македонската влада прогласи кризна состојба во земјава и веднаш наредниот ден пропадници на АРМ беа распоредени долж јужната и северната граница и сеште не се повлечени од позиција.Целта беше огромниот наплив на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и Африка.Мажи, жени ,бебиња ,деца и старци бараа влез во западна Европа бегаа од завојуваните жаришта во Сирија,Иран и Авганистан а меѓу нив имаше и економски мнигранти кои покрај бегалците користеа можност за влез во ЕУ со цел подобар живот.Бегалците минаа низ многу препреки , ги ризикуваа своите животи а некои од нив не стигнуваа до грчките острови од каде започнуваше нивната голгота по земјен пат,Егејот зема многу човечки животи.

До крајот на овој месец завршува одлуката за кризна состојба во Македонија,засега нема никакви најави од новата влада за нејзино продолжување.Околу 40 бегалци се сеуште сместени во прифатните центри во Гевгелија и Табаноце но има и во Визбегово и не се знаае до кога ќе бидат во земјава.Сигнали од можен нов бран бегалци денеска од Будимпешта на Салцбуршкиот форум испрати и министерот за внатрешни работи Оливер Спасосовски кој потенцира и за можна злоупотреба на миграциските рути и инфилтрирање на екстремисти а од тука и потребата за безбедносни проверки на мигрантите долж западно балканската рута.

Првиот човек на УНХЦР во земјава Мохамед Ариф се надева дека нема да се повтори сликата од 2015 и 2016 та но сепак смета дека македонските власти мора да бидат будни и подготвени за можниот нов бегалски бран.

Сепак останува неоговорено прашањето ќе се остварат ли стравовите на светските лидери од можен нов бран бегалци а стравовите им се реални од фактот што ЕУ не остана доследна по договорот со Турција за нејзина визна либерализација што за возврат унијата бараше турција да не ја отвори портата на нијзината граница каде чекаат околу 5 милиони бегалци.Денес светот го одбележува светскиот ден на бегалците.

Препорачуваме:

Референдумот во Ново село не успеа – нема излезност оти голем број граѓани се иселени во странство

Ване Трајков

Завршува градежната офанзива во населените места Вељуса и Добрејци

Ѓ. K.

Нема место за паника од дивите свињи- апелираат од ловните друштва