Регион

Битолска Пелагонија го купува Здравје Радово за 12,6 милиони евра

Идниот месец собранието на акционери на ЗК Пелагонија АД Битола треба да го одобри купувањето на млекарата Здравје од Радово општина Босилово, објави порталот Е магазин повикувајки се на информации на Македонска берза.

ЗК Пелагонија АД Битола сака целосно да ја откупи ова млекара по цена од 12,6 милиони евра и тоа од Бетон Штип кој поседува удел од 49 проценти од главнината на Здравје Радово, од Орка Холдинг кој има удел од 34 проценти и од Цветан Панделески кој поседува 17 процентен удел

Штипски Бетон треба да добие 6, 2 милиони евра до крајот на 2018 година. Орка Холдинг за четири години треба да добие од продажбата 4,3 милиони евра додека Цветан Панделески 2,1 милион евра пишува порталот Емагазин.

Препорачуваме:

Професионалните војници после 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари

Стојне Митева

Вечерва премиера на „Вујко Вања„

Сузана Мицева

До 500 евра казна за употреба петарди