Регион

Од 2025 на факултет само ако матуратните го поминат академскиот тест

Од 2025 на факултет само ако матуратните го поминат академскиот тест.

Средношколците од средно стручно образование, кои ќе сак

Учениците од средно стручно образование кои ќе сакаат да се запишат на факултет, ќе треба да полагаат академски тест, најави за директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска. Ова ќе значи дека без положен академски тест матурантот нема да има право да се запише на факултет. Новиот концепт за полагање државна матура, од кој е дел и овој академски тест, би почнал да се применува од 2025 година.
– Според новиот концепт за полагање државна матура, различно ќе биде тестирањето во гимназиите и во средните стручни училишта. Покрај задолжителен мајчин јазик, во гимназиите ќе има задолжително полагање математика и странски јазик, а во стручното образование ќе се полагаат стручни предмети. Таму, исто така, ќе има и академски тест – информира Наумовска.

Таа појаснува дека академскиот тест ќе содржи прашања од јазична писменост, за, како што рече, да се види колку се писмени учениците.

– Ќе се види и математичката писменост, исто така. Се смета дека овие вештини и знаења мора примарно да ги поседува секој иден студент. Во понатамошните академски звања што ќе ги добива, ќе треба да подготвува различни семинарски работи, ќе треба да истражува. И сега не може секој да студира, т.е. државната матура е услов за упис на факултет – додава директорката.

Академскиот тест ќе биде тест за селекција

– Не може секој да се запише на факултет, мора некој и да работи во оваа држава. Имавме состаноци со Џорџ Бетл, докажан меѓународен експерт за евалуација, кој ни посочи повеќе држави што имаат ваков тест. Македонија, како мала држава, не може да изготвува посебни матурски предмети за секоја струка и профил бидејќи тоа бара ангажирање на огромен број луѓе. Овој тест ќе одлучи кој ќе може да студира – вели Наумовска.
Во однос на петицијата што беше потпишувана, а со која се бараше укинување на државната матура, таа рече дека не е возможно да се укине со оглед на тоа дека е дел од законот и е услов за упис на факултет.

Препорачуваме:

Обвинителството сé уште прибира докази за несреќата во рудникот Бучим

МОН апелира сите универзитети да се обидат да воведат онлајн настава

Стојне Митева

Видео – Средношколците од ,,Димитар Влахов” продаваа специјалитети и преработки за да помогнат, го одбележаа Светскиот ден на храната

Ване Трајков