Регион

Од денес карантин во седум региони во Словенија

Во Словенија стапи во сила делумниот карантин, кој се применува во седум од 12 региони, поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Исто така, од денес е забрането да се собираат повеќе од 10 лица, а за постарите ученици наставата ќе се одвива преку интернет.

Новите мерки за карантин ги зафатија и градовите Љубљана, Крањ и Целје, додека Марибор и Копер не се во таканаречената црвена зона, а карантинот значи дека во одредени региони не смее да се влегува или излегува, освен во посебни случаи како што се одење на работа или на лекар, пренесува СТА.

Се додава дека списокот ќе се менува во зависност од развојот на ситуацијата.

Во седумте региони кои се наоѓаат на црвената листа важи и забраната за организирање настани, собири, свадби и црковни церемони.

извор: Макфакс

Препорачуваме:

Струмичанец со нож го нападнал неговиот татко

Сузана Мицева

Пуштен во употреба новиот водоснабдителен систем за Негорци

Ѓ. K.

Ученици од СОУ „Јане Сандански“- Струмица со повеќе награди на регионално и државно ниво

Dimitar Micev