Регион

Ученици од СОУ „Јане Сандански“- Струмица со повеќе награди на регионално и државно ниво

Уште еден успех на учениците од Средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица. Овој пат се вратија со повеќе награди и голем успех на регионално и државно ниво. Струмичките гимназијалци ги освоија првите места на регионалните хорски оркестарски смотри, а со тоа земаа и право на учество на државните смотри кои годинава ќе се одржат во Кавадарци.

Средношколците од ова училиште беа учесници и на натпреварот по програмирање во Битола. И од таму се вратија со голем успех.

Средното општинско училиште „Јане Сандански“ од Струмица се закити и со награди од Државниот натпревар по македонски јазик и литература. Наредната година оваа училиште ќе биде домаќин на натпреварот.

Ова е уште еден доказ дека кај нас постојат голем број талентирани ученици од различни области, кои своите знаења и способности ги пренесуваат, не само во државата туку и надвор од неа.

Препорачуваме:

Државата мора да има стратегија како да ги врати младите, смета директорот на НАЕОПМ (видео)

Ване Трајков

ЦУК: Да се избегнува движење покрај надојдени реки и потоци

Заврши „Аеробик во парк“ на СОФ

Сузана Мицева