Регион

Одржан натпревар помеѓу младинците на Академија Пандев – Брера и децата од П.О.У. „Климент Охридски“ од Ново Село

Денес по иницијатива на тренерите во младински категории, Пенев Љупчо и Кире Ангеловски, спортскиот директор за младински категории Сашко Пандев, заедно со генерација 2014, поддржано од родителите на истата генерација се одржа натпревар помеѓу Академија Пандев Брера и децата од П.О.У. „Климент Охридски“ од Ново Село.

На настанот дечињата ги покажаа своите квалитети при што по завршување на натпреварот добија Новогодишни пакетчиња, а како спомен за училиштето топка потпишана од претседателот на клубот и наша најголема фудбалска легенда Горан Пандев.

Сите присутни што беа на настанот не го криеа задоволството да се биде помеѓу сите дечиња тука и да се сподели овој емотивен момент заедно со нив.
Благодарност до сите за одличната организација, натпревар кој што ни дава многу силна порака, натпревар каде што најбитни се детската среќа, безгрижност и радост.

Препорачуваме:

СЕ БАРА РИСТО ИЛЈАШЕВ!

Стојне Митева

Субвенции за пчелари со презимени 10 пчелни семејства

Состојбата со коронавирусот во земјава стабилна, се очекува мирно лето

Стојне Митева