Регион

Состојбата со коронавирусот во земјава стабилна, се очекува мирно лето

Состојбата со коронавирусот во земјава стабилна, се очекува мирно лето

Претстојните летни месеци епидемиолошката ситуација ќе биде  мирна. Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува, оценува министерот за здравство Венко Филипче, но апелира граѓаните да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои циркулираа.

Од Министерството за здравство пак, вчера информираа дека во последните 24 часа се направени 3.109 тестирања, а регистрирани се 16 нови случаи на КОВИД-19. Оздравени се 38 и седум лица се починати. Досега во земјата се направени вкупно 807.837 тестирања на Ковид-19.

Како што информира вчера Министерството за здравство, бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и до вчера до 8 часот имало 88 слободни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имаат потреба од кислородна поддршка. Во ковид-центрите во болниците низ земјава, беше соопштено вчера, е пријавено дека се лекуваат вкупно 83 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.379, бројката на оздравени пациенти е 148.910, на починати е 5.442, а бројот на активни случаи изнесува 1.027. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 140 и има околу 430 празни болнички кревети во ковид-центрите. Од нив 57 се лекуваат во болниците во Скопје, а 83 во останатите градови.

Министерот Филипче вчера посочи дека здравствените установи се вратија на своите примарни дејности и потенцира дека сега не се чувствува наплив на пациенти со други заболувања затоа што сите болници покрај што лекувале од КОВИД-19 давале услуги од својата примарна дејност.

Препорачуваме:

Градинарите бараат предвреме да се знае откупната цена на ајварката

Сузана Мицева

Започна распределбата на картичките за новите корисници на зелена нафта

Ване Трајков

Успешно реализирани канализациони мрежи во сите населени места во општина Дојран

Ѓ. K.