Регион

Одобрени средства за доизградба на фекално канализационен систем во Ново Село

На Шестата Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 4 февруари 2020 година, се разгледуваше „Точка 43: Информација за отпочнување со реализација на проектот: Доградба на фекален канализационен систем за Ново Село, Општина Ново Село“.

Владата ја разгледа Информацијата и даде согласност за обезбедување средства во висина од 55 милиони денари со ДДВ за реализирање на проектот односно изградба на фекален канализационен систем во Ново Село. Во наредните месеци ќе биде спроведена тендерска постапка за избор на најповолен понудувач за изведување на градежните активности, а тендерската постапка ќе биде објавена и водена од страна на Министерството за транспорт и врски.

Со овие средства ќе се овозможи целосна мрежна покриеност на Ново Село со фекален канализационен систем каде сите домаќинства и институции во Ново Село ќе имаат можност да се приклучат и да ги користат овие услуги.

Препорачуваме:

Лица со попречености во Струмица стекнуваат работни вештини за вработување

Сузана Мицева

Во Гевгелија 300 активни случаи на ковид-19, Олумчев состојбата ја оценува како сериозна

Општина Струмица ги уредува парковите во пет населени места

Dimitar Micev