Регион

НУЦК „Антон Панов“ се стекна со сертификат за квалитет

Центарот за култура Антон Панов од Струмица доби сертификат за квалитет. 

Сертификатот IASS 2019-2021 се доделува за квалитетот на услугите што ги дава оваа јавна установа.

Важноста на сертификатот е две години и  по истекот на овој рок може да се продолжи. Овој сертификат го доделува здружението за истражување, анализа, стандардизација и сертификација ИАСС Скопје. 

Во нивното образложение наведуваат дека се доделува по подолга анализа и експертиза на услугите и доверливоста спроведена од клиенти корисници но и врз база на позитивните спомнувања на интернет.

Антон Панов сертификатот може да го користи во иднина за докажување на квалитетот во деловните процеси.

Препорачуваме:

Oблачно, свежо и врнежливо време

Гудачкиот состав Пламенка Трајковска со концерт во Струмица ,, Нем филм во 4“

Ване Трајков

„Умерен“ културен бран на Југоистокот- министерството одобри четири проекти