Регион

„Умерен“ културен бран на Југоистокот- министерството одобри четири проекти

Гевгелија и Дојран со четири проекти се единствените општини од југоистокот на Македонија кои се зафатени од новиот културен бран на министерството за култура. Во Гевгелија , ресорното министерство со 150 илјад и денари го подржа проектот на Тим театрос Т- проект Статуа фест, што треба да се одржи на 23 овој месец. Финансиска поддршка од 106.500 денари доби и Здружението Арт Еквилибриум за еднодневен настан во рамки на Бош фестивалот.

Гевгелија ќе биде дестинација на ПМГ Рекордингс кој ќе организираат настан „Македонска џез квечерина“ исто и во Струга и во Скопје.

Проект од „Новиот култуирен бран“ доби и Дојран, за перфомативно читање што треба да се одржи на 9 септември во црквата Св.Илија за „Лична Ангелина“ за Загорка ПОп Андовска, за што култура одобри 60 илјади денари.

Во извештајот на комисијата стои дека пристигнале 190 пријави, од кои 52 предлога или 30% од пристигнатите се одобрени за што се распределени скоро 6 милиони денари.

-Од поддржаните проекти, како што беше наведено во повикот на манифестацијата: „да се обезбеди деметрополизација, деконцентрација на културата од главниот град, и таа да се дисперзира во локалните средини, да се збогати, омасови, интензивира, динамизира и раздвижи културната понуда“, најголем број од активностите се дисперзирани на ниво на целата земја и тоа не само во градовите, туку и во помалите места, велат во извештајот на Комисијата, потенцирајќи, дека поддржале проекти од различни културно-уметнички области и наменети за различна публика врз основа на јасно поставени критериуми.

На, првично одобрените проекти, реагираа струмичките уметници. „Нема култура за истокот, само рудници!“, „Продолжуваме со децентрализација на културата“, се дел од статусите кои осамнаа на социјалните мрежи.

Од Здружението за култура „Транзен“, велат дека аплицирале со проект во кој биле опфатени ликовни и книжевни уметници, а со кој би се пополнила независната културна сцена во градот.

-Нашата прва проценка по објавената листа од министерството, е дека се фаворизираат одредени организации, поединци и здруженија од Скопје кои имаат свои филијали во некои други градови, каде што инцидентно еднаш годишно реализираат проекти преку мали фестивали и слично. Тоа не е вистинскиот начин да се децентрализира културата во земјава , кога една таква организација добива речиси 10 посто средства од целиот буџет на програмата. Град како Струмица кој што е најбитниот центар во југоисточна Македонија е целосно заобиколен со овој културен бран, со ниту еден поддржан проект, што е многу симптоматично. Тоа е знак дека комисијата на министерството нема сенс за развојот на независната културна сцена, која во последните неколку години е вистински двигател на културниот живот во градот и двигател на децентрализирачките културни политики кои Министерството за култура ги прокламира како една од најзначајните реформи. Не може комисија во Министерството за култура составена од експерти само од Скопје кои речиси не ја следат и не се вистински информирани за проблемите на културните работници во, да речеме источна Македонија, со ниту една претходна средба со уметниците и културните работници во другите градови, да решаваат културни програми кои треба да ја децентрализираат културата. Министерството вистински ќе го реформира финансискиот инструмент на доделување буџетски средства, кога ќе утврди јасни критериуми и одредена буџетска рамка и ќе постави подеднакви и фер услови на натпревар со идеи, за сите корисници од културата подеднакво, без лобирања од централистички настроените скопски невладини организации. Останува да го чекаме образложението за одбивање на проектот, кое скоро секогаш е паушално, за да постапиме со жалба по истото, велат во писмената изјава за Тв Канал ВИС од Здружението „Транзен„ од Струмица.

Во тек е вториот конкурсен рок, кој ќе трае се до исцрпување на буџетот на Манифестацијата.

Препорачуваме:

Шахпаска во посета на две струмички градинки

Сузана Мицева

Новус : Младите струмичани не се доволно информирани и вклучени во креирање на локалните политики

Приведен 21-годишен гевгеличанец кој превезувал 13 мигранти од Сирија

Ѓ. K.