Регион

Нуркачи продолжуваат да трагаат по момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош

Продолжува потрагата по М.П. (29) од струмичкото село Дабиле, кој завчера исчезна во водите на браната кај селото Дрвош.

Според портпаролката на СВР Струмица Александра Трајанова, по момчето трагаат нуркачи од МВР, на кои лошиот терен и заматената вода во браната им ја отежнуваат потрагата.

Инаку, завчера во 13:30 часот во полицијата од Итна медицинска помош било пријавено дека околу 13.00 часот М.П.(29) од село Дабиле, струмичко, влегол во водите од браната во близина на село Дрвош, струмичко и не излегол.

Препорачуваме:

18-та Алијанса против трговијата со луѓе

Ревитализација на спортската сала ДТВ „Партизан“ во Гевгелија

Ѓ. K.

ВИДЕО: Каква е сликата со инсулин во Струмица