Регион

18-та Алијанса против трговијата со луѓе

Државниот секретар во Министерството за вбатрешни работи, Магдалена Несторовска на покана на Специјалниот претставник на ОБСЕ, Амбасадорката Мадина Јарбусинова, на 23-24 април во Виена, учествуваше на 18-тата Алијанса за борба против трговијата со луѓе на која беа промовирани инклузивните партнерства за подобрување на кохерентноста и зајакнување на соработката во напорите за борба против трговијата со луѓе на локално, национално, регионално и меѓународно ниво.

Алијансата има за цел критичко испитување на постоечките партнерства за борба против трговијата со луѓе и истражување на придобивките од иновативни средства за соработка, кои често остануваат “невидливи” во формализирани мултидисциплинарни рамки. На конференцијата, исто така, се стави посебен акцент на новите чинители чиј ангажман има потенцијал да донесе дополнителна вредност на постојните одговори против трговијата со луѓе, вклучувајќи ги и клучните актери, како што се лекарите, наставниците, трудовите инспектори, полициските единици или сајбер-полиција, финансиски истражители), бизниси, општини, медиуми, заедница и верски организации.

Препорачуваме:

МЗШВ започнува со потпишување договори за продажба државно земјоделско земјиште под оранжерии

Стојне Митева

СВр Струмица – 17 прекршувања на полицискиот час

Ване Трајков

Новите класи прават забуни кај тутунопроизводителите