Регион

Николовски очекува Србија да ја „крене“ рампата и за маслото – уверува дека ќе има доволно храна

Николовски очекува Србија да ја „крене“ рампата и за маслото – уверува дека ќе има доволно храна

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски очекува Србија да ја крене „рампата“ и за маслото. Тој денеска, по состанокот на Потсекторската група за пченица, порача дека не е време за креирање лажни вести и за создавање паника меѓу граѓаните, зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и зејтин.

Николовски уште еднаш повтори дека се преземаат интервенти мерки за справување со ситуацијата и апелира земјоделците да ги искористат со цел поголемо и одржливо прозводство.

Земјоделците, пак, се задоволни од поддршката и владините мерки. Најавуваат нивно искористување и зголемување на површините под пченица, но и на сончоглед за најмалку 20 отсто.

-Во постојана комуникација сме со Србија. Очекуваме да ја крене „рампата“. Тука сме да помогнеме за се што треба. Да престанат лажните вести и неодговорното однесување, зашто кризата не погаѓа селективно – едни земјоделци да, а други не. Доста со поделби, етикетирања, навреди и омраза. Ова а време кога треба да им се помогне на сите граѓани, а ние тоа максимално го правиме. Седум пати заседава оваа Потсекторска група, сега се на ред земјоделците. Паника не треба да има зашто државата ќе има доволно леб, брашно, јајца и масло, истакна Николовски.

Препорачуваме:

Обуки за мали производители на локални производи во Гевгелија,Валандово и Богданци

Општина Струмица ја посети  Ерик Мејер Заменик шеф на мисијата на Амбасадата на САД во Македонија

Сузана Мицева

Детското одделение при струмичкaта болница почна да се реконстурира, сменета е столаријата

Ване Трајков