Македонија Регион

Наместо до крај на мај, барања за субвенции за земјоделството ќе се поднесуваат до 30- ти јуни

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на субвенции дека рокот за поднесување на барања за добивање на финансиската поддршка се продолжува за еден месец. Наместо до 31- ви мај, барањата ќе може да ги поднесуваат до крајот на јуни, односно до 30- ти јуни 2019 година.

Ова продолжување на рокот е по барање на земјоделците, со цел да можат сите земјоделци да го искористат правото за поднесување на барања за финансиска поддршка за мерките од годинешната Програма за директни плаќања.

До овој рок, земјоделците ќе можат да ги поднесуваат барања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019- та година, односно за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, и за заклани животни во кланица.

Барањата за добивање на финансиската поддршка се поднесуваат по електронски пат, самостојно од страна на барателите. Оние баратели кои не знаат сами да поднесат барање или  имаат потреба од помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Барањата за мерките од растителното производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Системот за идентификација на земјишни парцели со состојба на 15- ти  март 2019 година. Барањата за мерките од сточарското производство за говеда, овци, кози и пчели се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животни со состојба на денот на поднесување на барањето.

Одгледувачите на добиток пред поднесување на барањето задолжително треба да ја проверат и по потреба ажурираат состојбата на животните во ветеринарното друштво со кое имаат склучено договор, како и да ја ажурираат состојбата во Агенцијата за хрна и ветерина.

Сите корисници на оваа финансика поддршка по аплицирањето и добивањето на отпечатениот примерок добро да ги проверат податоците и ако има одредени отстапувања  во рок од 30 дена од денот на аплицирањето да ги извршат потребните корекции.

Препорачуваме:

Вчера на пругата кај железничката станица – Миравци прегазен 64 годишен маж

Завршува рокот за поднесување на ГДП- околу 30.000 граѓани од југоистокот ги пријавиле дополнителните приходи

Dimitar Micev

Жена загина во сообраќајка кај Удово