Регион

Вчера на пругата кај железничката станица – Миравци прегазен 64 годишен маж

Вчера во 11,55 часот било пријавено дека на пругата кај железничка станица Миравци, поточно на влезниот сигнал на железничка станица Миравци, товарен воз управуван од З.Г. (55) од Скопје кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце удрил во С.Г. (64) од с.Миравци. Од здобиените повреди при ударот, С.Г. починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата бил во прекин до 15,30 часот, по што бил нормализиран.
Се работи на целосно расчистување на случајот.

Препорачуваме:

Која вакцина најдобро заштитува од делта сојот на коронавирус?

Стојне Митева

Магде Ангова: На децата им е потребна литературата за правилно да се развиваат

Сузана Мицева

Интерконективниот гасовод МК-ГР ќе влегува во земјата меѓу Богородица и Стојаково

Сузана Мицева