Регион

Интерконективниот гасовод МК-ГР ќе влегува во земјата меѓу Богородица и Стојаково

Интерконективниот гасовод МК-ГР во државата ќе влегува  меѓу Богородица и Стојаково, ќе минува низ територијата на општина Гевгелија кај Прдејци и Смоквица, а Гевгелија ќе биде приклучена на приклучната станица на влезот од градот. Ова беше презентирано од страна на АД „Национални енергетски ресурси“ во државна сопственост, кое го изработува проектот, на денешната средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков. На средбата стана збор за опфатот на проектот и техничките параметри, бидејќи трасата за минување низ територијата на општина Гевгелија е веќе утврдена.
Како што е познато, со интерконективниот гасовод нашата земја ќе биде приклучена на грчкиот гасовод, што овозможува приклучување и на општина Гевгелија. Значењето на овој проект се истакнува во стратегиската определба на Република Северна Македонија за вклучување на природниот гас во енергетиката, а со тоа и развој на постоечката гасна инфраструктура на ниво на цела држава. Со интерконективниот гасовод од Грција, кој ќе се вкрстува со интерконективниот гасовод од Бугарија кај Неготино, ќе бидат обезбедени предуслови за поголема раширеност на гасоводната мрежа во земјата.
За таа цел, во наредниот период, а заради изработка на Студијата за оценка на влијанието на Проектот врз животната средина ќе биде „снимана“ социо-економската состојба. До месните заедници и населените места Прдејци, Смоквица и Габрово, од кај што ќе минува гасоводот ќе бидат проследени прашалници. Проектот „Интерконективен гасовод МК-ГР“ треба да биде готов до крајот на годината, а за гасоводната мрежа во општината ќе биде изработен посебен проект за секундарна гасоводна мрежа. Општина Гевгелија веќе аплицираше за изработка на техничка документација до на објавениот повик од Шевдската амбасада и УНДП и Министерсдтвото за локална самоуправа на РСМ.

Препорачуваме:

Општина Струмица ќе издвои 125 илјади евра за привремени вработувања

Струмица сепак ќе воведе јавен превоз со електрични автобуси-проектот изгласан како приоритетен

Сузана Мицева

Малолетничка од радовишко Габревци почина откако паднала од трактор

Ване Трајков