• Mon. May 20th, 2024

Струмичката противпожарна едница го има најстарото возило во државата ФАП 13 од 1966 година. Старо точно 54 години

Дотраени и од минатиот век. Вака може да се опише состојбата со противпожарните возила на струмичката територијална противпожарна единица. 33 години е просечната старост на возилата кои се во сопственост на противпожарната служба која ги покрива и општините Ново Село, Василево и Ново Село.  Ова се најновите податоци на истражувањето спроведен од Центарот за граѓански комуникации.

Со ваква старост на противпожарните возила, Струмица е во самиот врв на градовите кои имаат повеќе од три децении просечна старост на возилата. Пред неа се само кратово и Делчево, чија просечна старост на противпожарните возила е 35 години.

Струмица и Валандово ги имаат и најстарите возила во државата. ТАМ 5500 и ФАП 13 и двете произведени во 1966 години, односно пред точно 54 години.

Просечната старост на противпожарните возила на ниво на држава е 28 години.

Најнови возила имаат Велес и Демир Хисар, просечната старост на нивните противпожарни возила е околу 20 години.

Во државата има и две возила кои се купени лани, а се произведени во 2019. Тоа се градовите  има Прилеп и Демир Хисар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *