Спорт

Наковски волеј во гости го шокираше Универзитет Тетово – Славеше победа и се на чекор до КУП финале

Одбојкарките на Наковски волеј направија вистинско изненадување во Тетово откако во првиот полфинален КУП натпревар го совладаа тимот на Универзитет Тетово . Неочекувано, но избраничките на Хари Наковски со одлична и борбена игра со 3:2 во сетови забележаа победа против ,,фаворитките,, и се на чекор до големото финале од женскиот одбојкарски КУП .

За пласман во  финалето што ќе преставува историски успех за овој клуб, струмичанки треба да забележат победа и на свој терен или пак да бидат подобри во количникот.

Струмичанки победата ја најавија уште во првиот сет добивајки го со 25:18. Шокот за тетовчанки продолжи и во вторито сет откако Наковски волеј со фантастична игра во сите одбојкарски елементи го доби со 25:23.  Откако ги изгуби првите два сета, Универзитет Тетово вината ја бараше во судиската двојка па следните два сета ги доби со 25:16 и 25:16.  Вистинска драма се случуваше во последниот одлучувачки сет каде струмичанки лавовски се изборија за 17:15 за конечни 3:2 во сетови

Реванш дуелот е закажан за седум дена поточно на 28.03 во салата при СОУ Димитар Влахов каде есенва тетовчанки го претрпеа првиот пораз во шампионатот, во кој се меѓу водечките два тима

Препорачуваме:

Од 12 до 14 Април Кошаркарскиот Куп на Македонија во Гевгелија

Сузана Мицева

Астраионци покажаа кој треба да игра за титула, го демолираа винички Торо со плус 8

А. Пандев и Кожув продолжуваат, Беласица, Турново и Плачковица елиминирани од КУПОТ