Спорт

Астраионци покажаа кој треба да игра за титула, го демолираа винички Торо со плус 8

Кадетите на РК ,,Астраион,, го демолираа винички ,,Торо спорт,, со плус осум говови разлика во дербито за првата позиција во својата група која носи пласман на Фајнл форот за освојување на титулата кадетски ШАМПИОНИ.

Во спортската сала ,,Парк,, струмичките ракометни надежи славеа со 29:21 и покажаа супериорност над виничкиот состав кој во Струмица допатува со навивачи  да го бранат ,, првото,, место но попусто

 ,,Астрионците,, на тренерската тројка Димитар Пандев, Пепи Пецанов и Александар Пиличев ја покажаа својата надмоќност во сите сегменти на ракометната игра и со цврста игра во одбраната не дозволија гостите да се радуваат а во нападот ,, стрелаа,, од сите можни позиции

Кочев, Јанковски, Котевски, Велков, Партинов, Кавазов, Стојанов, Беџовски, Катранџиев, Касапов ја тресеа мрежата на Торо спорт кој не најде решение како против одличните струмичани уште од самиот старт на дуелот а Гогов се покажа како одличен чувар на мрежата

Инаку во салата Парк имаше околу 600 посетители кои ги бодреа  струмичките ракометни надежи кои како и лани влегоа  во конкуренција  за освојување на Шампионската титула во кадетска конкуренција но сезонава со многу поголеми шанси

Инаку  РК Астраион најавија дека ќе побарат тие да бидат домаќини на завршниот турнир во салата Парк. 

Препорачуваме:

Струмичките одбојкари вечерва против Динамо Апелдорн во Холандија

Ване Трајков

ПАНДЕВЦИ ВО НЕДЕЛА НА МЛАДОСТ ПРОТИВ ШАМПИОНОТ ВАРДАР, ОЧЕКУВААТ ПОЛН СТАДИОН И СИЛНА ПОДРШКА

Академија Пандев поразенa, Миловановиќ двапати ја тресеше мрежата на Специја

Ване Трајков