Свет

Моралес: Америчката империја не сака Русија и Кина да работат во Боливија

Претседателот на Боливија Ево Моралес изјави дека „северноамеричката империја“ (САД) не сака Русија и Кина да работат во неговата земја.

Истовремено тој предупреди дека: „Боливиската десница по налог на северноамеричката имерија ќе ги напаѓа сите кинески компании“.

Моралес за пример ја наведе кинеската компанија САМС. Боливиската опозиција тврди дека таа од владата на Боливија добила големи договори за работа затоа што во неа работи поранешната сопруга на Моралес.

Боливискиот претседател предупреди дека „во секој час можат да се очекуваат напади и врз руските компании“.

Па оцени: „Нападите врз компаниите од Русија и Кина се дел од геополитичката војна“.

Препорачуваме:

Австрија за почеток на преговорите за ЕУ

Од денес Србите ќе возат бесплатно низ „Пријателство“

Строгите мерки во Пекинг остануваат на сила

Сузана Мицева