Регион

Министерот Сали со барање до приватните лаборатории: Намалете ги цените на тестовите

Министерот Сали со барање до приватните лаборатории: Намалете ги цените на тестовите

Министерот за здравство, Беким Сали се обратил до приватните лаборатории за намалување на цените за ковид тестови. Во неговото образложение на барањето навел дека по продорот на Омикрон сојот се чека и до една недела за тестирање во државните институции, поради што граѓаните се принудени да се изложуваат на високи трошоци.

„Инициравме средби со сите страни кои се вклучени во формирање на крајната цена за една услуга, како увозници, веледрогерии, лаборатории и Фондот за здравство. Во постојана комуникација сме со Фондот за здравство, а преку него и со увозници и со лаборатории и се надевам на нивни позитивен одговор на нашето барање“, рече Сали.

Препорачуваме:

Целосно се реновира Итната медицинска помош во Струмица

Сузана Мицева

Ќе се уредуваат излетничките места Мокрински извори и Колешински водопади

Несовесни граѓани деновиве го искршиле летниковецот поставен покрај станбените објекти на улица “Младинска“ во близина на ООУ “Никола Вапцаров“