• Fri. May 17th, 2024

Министерството за образование не попушта

Министерството за образование не попушта

И покрај апелите на СОНК и докторската фела, учениците првите две недели наставата да ја следат од дома, сепак на 1ви февруари учениците ќе го почнат второто полугодие со физичко присуство. Од МОН велат дека одлуките се носат врз основа на прекораки од Комисијата за заразни болести, и земајќи ги предвид насоките на УНИЦЕФ.

Министерот за здравство Беким Сали денеска посочи дека епидемиолошката состојба не е загрижувачка, а најави и дека повторно ќе се прави случаен скрининг на учениците.

Од СОНК велат дека ќе ја почитуваат одлуката на министерството, доколку ситуацијата со новозаразени ескалира од синдикатот велат дека жестоко ќе реагираат и ќе ја прекинат наставата.

„Ако ние цениме дека условите за работа се надвор од стандари ќе реагираме и тоа жестоко ќе реагираме. Доколку сме грешка и доколку настава се одвива согласно мерки, без прекршување на законот тогаш ќе биде во ред, но ако нема услови за работа може да донесеме одлука дека прекинуваме настава бидејќи условите за работа не се такви како што се пропишани со закон.“ ИЗЈАВИ Јаким Неделков, СОНК.

Апели да се преиспита одлуката за настава со физичко присуство изминатиов период испратија и повеќе доктори.

Во регионот пак властите се одлучија за комбинирана настава. Па така во соседна Србија на школо ќе одат учениците од прво до четврто одделение, додека останатите ќе следат комбинирано поделени во две групи . И Бугарија се одлучи за комбинирана настава, со тоа што според мерките: во областите каде инфекциите со новозаразени надминат 500 случаи училиштата таму ќе треба да го прекинат физичкото присуство. Во Хрватска пак децата ќе учат од училишни клупи, но со обврска да се тестираат секој понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *