Спорт

Мечот Џио Струмица-Шутова нема да се игра утре во Партизан, ОФМ го одложи за една недела

,,Полуфиналниот натпревар од КУП на ОФМ К-112 помеѓу екипите на ОК Џио Струмица и ОК Шутова се одложува и терминот за одигрување се презакажува на 10.04.2019 (среда).,, стои во известувањето што попладнево го доби ОК Џио Струмица пред утрешниот меч со Шутова од Кичево . ,,Клубот домаќин на првиот полуфинален натпревар се обврзува да ги почитува Правилникот за натпреварување, Пропозициите за натпреварување (член 11), Правилник за регистрација и класификација на салите (член 11) и Упатство за организација на натпреварите од ДЛ на ОФМ како и известувањето кое беше пратено од ОФМ на 20.02.2019 и да постапи по истото, согласно заклучоците што беа донесени на состанокот пред стартот на ова натпреварувачка сезона во присуство на клубовите.,, пишува во известувањето од ОФМ и бара до четврток ОК Џио Струмица да предложи нова сала за одигурвање на мечот

Препорачуваме:

Академија Пандев ги претстави првите зимски засилувања

Ване Трајков

300 000 денари за двојната круна – Костадинов ги прими одбојкарските ШАМПИОНИ

Ване Трајков

Макс забележа нова победа и ги отвори портите за ЕХФ лигата

Ване Трајков