Регион

Мерната станицата во Струмица во функција – ПМ 10 честичките повторно над дозволеното !

Повторно е ставена во функција станицата на Министерството за животна средина во Струмица која го мери квалитетот на воздухот изразено преку ПМ 10 честичките. Според објавените податоци на официјалната веб страна на министерството, последните четири дена, просечното дневно ниво на аерозагаденост во Струмица е над дозволеното посебно во ноќните часови кога концентрацијата на  ПМ 10 честичките достигнуваат и до 500 микрограми на кубен метар за што сведочи и часовниот графикон за Струмица.

Станицата се наоѓа во кругот на струмичката болница. Истата покажуваше алармантни податоци на почетокот на јануари. Тогаш од министерството за животна средина информираа дека инструментите се тестирале и дека објавените податоци не треба да се земат во предвид по што на веб страната на министерството ги немаше резултати за Струмица.

Според дневниот графикон за мерење на квалитетот на воздухот во Македонија на официјалната веб страна на  министерството за животна средина  покажува дека мерната станица единствено не ја детектирала концентрацијата на ПМ 10 честичките во периодот од 13 до 17 јануари

Деновиве општинските власти информираа дека ги зачестиле инспекцисите контроли на терен преку кои би требало да се утврди кој го загадува воздухот. 

Препорачуваме:

Повреден мигрант кој сакал да се качи на воз кој транзитирал на релација Скопје-Гевгелија

На 6 ноември ќе се одржи јавна расправа, презентација и стручна расправа за нацрт планот за ГУП 2023-2033

Сузана Мицева

Видео: Објавена видео приказната „Куќа на ѕвездите“

Сузана Мицева