Регион

Матичните лекари утре повторно на протест

Матичните лекари утре повторно на протест.

Симболично, со утрешниот ден – Светскиот ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го организира третиот по ред протест откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети од страна на здравствените власти

Со мирен протест, кој ќе започне утре напладне пред Министерството за здравство, матичните лекари од земјава ќе го изразат своето незадоволство од, како што велат, немањето слух на здравствените власти за нивните потреби.

Симболично, со утрешниот ден – Светскиот ден на здравјето, Здружението на приватни лекари во земјава го организира третиот по ред протест откако претходните два не вродија со плод, а нивните барања не беа исполнети.

Меѓу главните барања на матичните лекари е покачувањето на капитацискиот бод од 60 на 90 денари по пациент, според кој Фондот за здравство им исплаќа плата на матичните општи лекари, затоа што како што велат, „сè е поскапено, а здравството не е бесплатно“.

Воедно, додаваат оти 30 години добиваат исплата за нивниот труд со задоцнување од неколку месеци.

„Триесет години добиваме исплата на нашиот труд со доцнење од по неколку месеци. Владите се менуваат, но никако да не стават во план на нивниот буџет“,

пишува во писменото соопштение објавено на веб-страницата на Здружението на приватни лекари во земјава.

Препорачуваме:

Истрагата што ја води ОЈО ќе покаже , дали имало од спорните МРП вакцини и во Струмица

Стојне Митева

Асфалтирано платото пред Домот на културата во Нова Маала

Ѓ. K.

6 нови случаи на коронавирус во изминатиот ден

Стојне Митева