Регион

Марија од Кочани по 18 години се врати од Италија и се фати за воланот: Вози голема машина

Возењето камиони и тешки товарни возила ја знаеме како работа која воглавно ја работат мажи, но има и исклучоци и примери за жени возачи на камиони.Една од нив е Марија Петрова од Кочани има 35 години, а својата интернационална кариера ја започнала како матурантка.Во Италија работев во шпедиција, од мојата 17 година се преселив таму и работев долги години, овде се вратив пред околиу една година.Таму голем период минав во Верона, а во последните неколку години бев во една провинција во Болцано. Зборувам одлично италијански, а добро се снаоѓам и со германски и англиски.Сега дојдов овде и работам во фирма за рециклирање. Фирмата се занимава со рециклажа на отпаден материјал. Материјал како картон, пластика и слично. Гледаме да го издовиме тој рециклирачки отпад од останатиот отпад а со тоа да придонесеме за поздрава животна средина, вели Петрова.Овде во фирмата јас сум тим- лидер, ги организирам работите а воедно сум и шофер. Сопственикот на фирмата е жена па тоа ми беше додатна инспирација. Па да бидеме реални не е секојдневие ова да го работи женско, кога ќе ме видат некој наидуваат со ентузијазам, некој се скептици.Марија заедно со своите колеги оди во училиштата и ги едуцира децата да не фрлаат отпад и да го рециклираат и да не ја загадуваат средината во која живеат.Исто така Марија е и волонтер во ,,Доброволното Противпожарно Друштво” и оди и помага на пожарникарите кога е најпотребно.

извор:https://klaster.mk/%d0%bc%d0%b0%d1%80%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d0%ba%d0%be%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be-18-%d0%b3%d0%be%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d0%b8-%d1%81%d0%b5-%d0%b2%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b8-%d0%be%d0%b4/?fbclid=IwAR0FuXCXo9YwiiQ1cDDNxitBqOx9ga6rLsPGEAV_EyPVF4nz6ExMlrXqNhw

Препорачуваме:

Второодделенците од „Видое Подгорец“ на креативна работилница со авторот Ване Костуранов

Сузана Мицева

Масовниот спорт во Гевгелија со зголемен број учесници и одзив кај публиката

Ѓ. K.

10 негователки за градинка бара Општина Струмица