• Sat. May 11th, 2024

Македонскиот Национален Совет од Швајцарија организира „Иселеничка вечер“ крај Смоларски водопад

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

Македонскиот Национален Совет од Швајцарија, поддржан од Општина Ново Село и Општина Босилово организира заеднички настан за сите сограѓани кои се на привремена или постојана работа во странство.

Настанот ќе се случи на 4 август, а ќе настапат КУД Јане Сандански од Ново Село, КУД Св. Наум Охридски од Швајцарија и КУД Кирил и Методи од Иловица.

На настанот ќе бидат присутни многу официјални гости и иселеници од целиот свет. Градоначалникот Ѓорѓе Божинов упати голема благодарност до Македонскиот Национален Совет кој со идеја за сплотување на Македонецот низ светот ја организира оваа културна манифестација.

На оваа „Иселеничка вечер“ добредојдени се сите заинтересирани кои сакаат да видат и да почувствуваат како Македонците во дијаспората ја негуваат нашата традиција, култура, јазик, песна и оро.

By Ѓ. K.