• Sat. May 18th, 2024

Школата за гитара со завршниот концерт донесе свежина во Гевгелија

ByЃ. K.

Jul 28, 2023

Вчерашното време донесе малку свежина во жешките ноќи на гевгеличани, ама дефинитивно Завршниот концерт на Школата за гитара донесе уште поголема свежина во културните настани по повод „Гевгелиско културно лето“. Младите гитаристи, на кои им е ментор Костадин Динев, како и Guitar school band, им приредија пријатно расположение на сите возрасни генерации- од мало до големо. Им понудија усогласени звуци од познати рок-нумери, меѓу коишто и отсвирана легендарната песна на гевгелиската, а и македонската рок-група „Зијан“, „Пушти коси“.

Задоволни беа гевгеличаните од претставувањето на нивните деца, внуци, пријатели, другари – членови на Школата за гитара, на Завршниот концерт во рамки на „Гевгелиско културно лето“. Менторот уште позадоволен, како од посетеноста на настанот, така и од успешното претставување на своите ученици.

By Ѓ. K.