Спорт

Македонија со две победи и пораз го заврши првиот турнир од Евро лигата

Македонската одбојкарска репрезентација со скор од две победи и еден пораз го заврши првиот турнир во А – групата од Сребрената Европска лига, одигран во Струмица. „Спартанците“ славеа на првите два меча против Кипар и Израел, но немаа доволно сили за победа и над фаворитот во групата, селекцијата на Данска, од која загубија во последниот натпревар, во три сета со 21:25, 23:25 и 24:26.

,,Ова беа тешки натпревари. Ние навистина многу се заморивме, бидејќи пред турнирот интензивно се подготвувавме, поточно за да бидеме во најдобра форма за фајнл-фор турнирот. Но, ние потврдивме дека нашата форма од ден на ден оди во нагорна линија и сигурен сум дека ќе бидеме најдобро подготвени за завршниот турнир кој ќе се игра во Струмица,, вели Владо Милев.

Македонија следната недела патува во Данска, каде што со останатите селекции од групата ќе го играат вториот турнир.

Препорачуваме:

Фото галерија – Стартуваше Новогодишно-Божиќниот турнир во мал фудбал во Василево вреден 200 илјади денари

Видео – Одбојкарките на Виктори и Наковски во недела атакуваат по Шампионската титула за кадетки

Видео-Селекторот Ангеловски го сака Пандев и за следните квалификации оти е големина од човек и фудбалер

Ване Трајков