• Tue. May 21st, 2024

Се уредуваат плажи во Дојран

ByВане Трајков

May 25, 2021

Општина Дојран почна со уредување на плажите пред стартот на новата туристичка сезона. Во моментов се уредува плажата Калдрма мегу Стар и Нов Дојран и истата треба во рок од месец дена да биде готова. Таму се расчистува теренот од вегатација, се оградува, ќе има нов песок, а ќе биде изградена платформа, за што од општинскиот буџет ќе се потрошат околу милион денари.  

Дел од плажите издадени на концесионери веќе се уредуваат. Се оплеменуваат просторите со пропратна опрема се со цел да се задоволат потенцијалните туристи што ќе престојуваат ова лето во Дојран.

Градоначалникот Ангов вели дека и оваа година ќе се расчистува теренот кон грчката граница со цел да се отвори простор за нови плажи кои не се заштитени подрачја. Таму веќе се отстрани пешачката патека за да може езерото по природен пат да се прочистува.

Општина Дојран за ова година од Владата доби околу милион евра за реализација на проекти кои ќе бидат во функција на заштита на биодиверзитетот и подобрување на квалитетот на водата во Дојранското езеро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *