Македонија

Македонија и земјите од регионот потпишаа документ за развој на железниците

Министерот за транспорт и врски на Македонија Благој Бочварски и неговите колеги од земјите на Западен Балкан денеска во Белград го потпишаа документот „Посветеност на Железницата“, со кој се предвидува изградба на модерна дигитализирана железничка мрежа, со директни експресни возови кои ќе ги поврзуваат градовите во регионот.

Како што пренесува МИА, проектот треба да придонесе за воспоставување на подобра поврзаност, сигурен транспорт за деловни и приватни патувања на Западен Балкан и одржлива животна животна средина.

Документот беше потпишан на Самитот во организација на Постојаниот секретаријат на Транспортната заедница, Европската инвестициона банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ОБОР).

Препорачуваме:

Се празнува Св. Климент Охридски, петок е неработен ден за сите граѓани

Ѓ. K.

ФИТР: Со иновативни проекти во борба против климатски промени

Николоски во Прилеп го повика Заев на дуел

Сузана Мицева