• Wed. May 15th, 2024

Бензините поскапуваат, цената на дизелот останува иста

ByВане Трајков

Sep 13, 2021

Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека од утре бензинот ќе има повисока цена Литар еуросупер БС-95 ќе се продава по 73,00, а еуросупер БС-98 по 75,00 денари. До ова поместување на цените на бензинот за цел еден денар дојде со комбинирано дејство на за 4,142% повисоката просечна цена на неговата референтната цена на берзите во изминатиот период и за 0,343% понискиот курс на доларот во однос на денарот. Заради истите причини, но со други проценти, дизелот овој пат куртули и неговата цена остана 63,50 денари заради тоа што неговата референтна цена забележа зголемување од само 0,066%.

Ако сметате дека горивата кај нас се скапи, како потсетување дека во 2013-та во септември бензинот и дизелот кај нас се продаваа за 83,50 и 73 денари за литар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *