• Sat. May 11th, 2024

Лидерот Џио Струмица во Партизан против второпласираниот Универзитет Тетово

ByВане Трајков

Feb 22, 2019

Одбојкарите на Џио Струмица ќе имаат уште една тешка задача на стартот од втората фаза од прволигашкиот одбојкарски шампионат на Македонија. Се среќаваат со тимот на Универзитет Тетово кој по есенскиот дел од првенството е второ пласиран и има само еден пораз  и тоа од струмичката сино бела фурија.

Мечот е закажан на 23.02 – сабота во салата Партизан, во кој тетовчани најавуваат  максимална пожртвуваност  за да им се реваншираат за есенскиот пораз пред своја публика.  Во своите редови дури донесоа и засилувања, Сашко Ивковиќ од Лирија и поранешните членови на Шутова Флаурент Исљами и Наим Абази

Од таборот на ОК Џио Струмица најавуваат уште еднба интересна партија со квалитетни поени но и нови три бода на своето конто, со цел да се задржи епитетот Џио Струмица најдобар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *