Спорт

Кошаркарскиот КУП во Гевгелија – градоначалникот Поцков сака финале Кожув – Блокотехна

Кошаркарската приказна продолжува во Гевгелија! По одлично организиран натпревар во рамки на сениорската машка репрезентација како и 3×3 FIBA турнир во текот на изминатите шест месеци, Македонската кошаркарска федерација одлучи празникот на кошарката – државниот Куп да се одигра токму во градот Гевгелија. Денеска и официјално беше ставен потпис на договорот за соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и клубовите Блокотехна и Кожув кои ќе бидат коорганизатори на натпреварите од државниот Куп, со поддршка од Општината Гевгелија. Викендот 15.-16. и 17. февруари, центарот на внимание на сите љубители на кошарката ќе биде свртен кон Гевгелија.

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа куса средба во Гевгелија договарајќи ги последните детали околу организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција.

Системот за натпреварување во двете конкуренции (машка и женска, сениорска) ќе биде идентичен како и минатиот Куп односно во четврфинале, мажи првите осум пласирани екипи во ПЛМ по првиот дел од натпреварувањето (11. коло) ќе разигруваат меѓу себе по систем првопласирана екипа против последно пласирана екипа (1-8, 2-7, 3-6, 4-5) во рамки на четвртфиналните дуели. Во полуфиналните дуели ќе вкрстат двојките 1-4 и 2-3. Во женска конкуренција првите четири пласирани екипи по десеттото коло од натпреварувањето во ПЛЖ.

Во текот на наредните десет дена организаторите ќе објават одлука за присуство на навивачки групи како и за цената на билетите.

За Канал ВИС градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков посака финале меѓу Кожув и Болкотехна

Препорачуваме:

Во недела меморијален турнир „Ване Арапов“

Сузана Мицева

Младите на РК ,,Струмица,, со победа го започнаа Шампионатот!

Ване Трајков

Пандевци утре на Младост против Скопје за првата прволигашка победа