Регион

Костадинов: Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител

Градоначалникот Костадинов денес имаше обраќање на денешната работилница на тема: „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“, во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“.

„Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител, но поаѓајќи од фактот дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро, јас сум безрезервно подготвен таа соработка не само да ја негуваме, туку постојано да ја унапредуваме. Беше тоа исклучително корисна работилница, на која, во присуство на Народниот правобранител Насер Зибери, имавме можност да ги искажеме нашите искуства, ставови и размислувања околу предностите и недостатоците од пренесените надлежности од државно на локално ниво, во одредени области“, истакнува Костадинов.

Градоначалникот појасни и дека ваквите работилници, состаноци и меѓусебни средби се неопходни за унапредување на заштитата на правата на граѓаните.

Препорачуваме:

Откако се дозволија свадби и во затворен простор има работа и за фотостудијата

53 интервенции во 2018 на струмичките пожарникари

Поскапува електричната енергија за 7.4 отсто, евтината тарифа останува

Ване Трајков