• Wed. May 15th, 2024

Успешна крводарителска акција со клубот БРЕРА, крв даруваа 49 крводарители

ByЃ. K.

Oct 4, 2023

На ден 04.10.2023 се реализираше успешна крводарителска акција со клубот БРЕРА во спортскиот центар Академија Пандев – БРЕРА во соработка со Службата за Трансфузиона медицина.

Акцијата се одвиваше од 09-14 часот каде крв даруваа 49 крводарители.

Волонтерите на Црвен крст повторно беа логистичка поддршка на настанот и спремни како тим за помош.

By Ѓ. K.