• Mon. May 20th, 2024

Концепт Кафе – Струмица од утре го затвора локалот заради kоронавирусот: Време е сите да бидеме одговорни

Од утре струмичкото кафе Концепт воопшто нема да работи. вака одлучил менаџерскиот тим загрижен од ширењето на пандемијата КОВИД – 19. Тие на денешниот состанок донеле одлука кафулето да не работи, сакајќи да се солидаризираат со жителите на Дебар и Центар Жупа, но и да упатат апел до граѓаните за масимална внимателност и почитување на мерките на Владата бидејќи коронавирусот секојдневно зема нови жртви во Европа и светот.

Сопственикот на Концепт, Стојан Иванов, за канал ВИС изјави дека е загрижен од ширењето на пандемијата но и последните случувања во Дебар и затоа одлучил со своите менаџери  дека јавното здравеје е пред поединечниот интерес.

-Да превенираме заеднички пред да се лечиме поединечно, вели Иванов.

 

Загрижени за случувањата и загрозуваЗатворање на локалот најави популарната кафетерија Концепт Кафе од Струмица со цел превенција на ширење COVID – 19 и со сооштение се обрати кон својата јавност и повика на општествена одговорност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *