• Sat. May 18th, 2024

4 нови случаи на коронавирус во Дебар – прогласена кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

Министерот за здравство Венко Филипче рече дека се регистрирани четири нови случаи на коронавирус во државата. Сите четири случаи се во Дебар. Поради ова, Владата на итна седница донела одлука за прогласување кризна состојба на територијата на Дебар и Центар Жупа. 

Со ова бројот на заболени со коронавирус се искачи на 13, од кои 11 се од овој крај. 

Кризната состојба би значела забрана за влез и излез преку блокирање на приодите од страна на полицијата. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *