• Fri. May 17th, 2024

Шест нови случаи на коронавирус во државата

Пет од новите случаи со коронавирус се од Дебар. Една од пациентките се вратила од Барселона, заштитена со маска и веднаш се пријавила.

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека шестмина од 12 тестирани денеска се позитивни на тестот на коронавирус.

Со тоа бројот на регистрирани случаи се искачи на 19, од кои една пациентка е веќе излечена.

 Според Филипче, сите тие се со лесна клиничка слика и нема да бидат транспортирани во Скопје.

Медицинските лица од Дебар што беа тестирани се негативни на коронавирус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *