Регион

Комуналните инспектори ќе ги казнуваат кафулињата и останатите деловни објекти кои немаат одобренија за корстење на јавна површина

Комуналните инспектори од општина Струмица на терен. Ги предупредуваат кафулињата и деловните објекти во централното градско подрачје да извадат одобренија за користење на јавна површина.

Комуналната инспекција изминатиот период вршела превентивни надзори и на сите правни и физички лица кои што користат јавни површини е дадено усно укажување да извадат одобренија и да се придржуваат кон параметрите што се наведени. За тие што во наредниот период нема да ги почитуваат обврските ќе следуваат прекршочни мерки.

Граѓаните реагираат дека кафулињата и деловните објекти го узурпираат просторот на плоштадот и шеталиштето па движењето особено во летниот период е отежнато и се содава гужва.

Препорачуваме:

Југоисточниот, најтранспарентен регион- Валандово меѓу трите најтранспарентни во државата

Струмица со само еден новопозитивен

Стојне Митева

За само една недела 1.247 лица се заразиле по втор пат

Стојне Митева