• Sun. May 12th, 2024

Одобрени средства за изградба на патот Давидово – манастир Св. Илија

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ѝ одобри на општина Гевгелија 10.665.309 денари за изградба на локалниот пат од населено место Давидово до манастирот Св.Илија. Веднаш по донесеното решение, општина Гевгелија врз основа на проектната документација и предмер-пресметка започна постапка за јавна набавка за изградба на овој пат. 
Општина Гевгелија аплицираше на јавниот повик на АФПЗР за одобрување на финансиска поддршка за мерката – Зачувување и унапредување на традиционалните вредности во руралните средини со проектот за изградба на локалниот пат Давидово до манастирот Св.Илија. Станува збор за патот од селските гробишта до манастирот Св.Илија, во должина од 767 метри, за кој месната заедница од поодамна имаше покрената иницијатива за изградба. Од страна на месната заедница беше нарачан и изработен проект, врз основа на кој општина Гевгелија аплицираше за изградба на овој локален пат, од посебно значење на жителите на Давидово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *