Спорт

КК Блокотехна шампион на БИБЛ Лигата

Кошаркарите на „Блокотехна“ во една извонредна игра во финалето на БИБЛ лигата во Тирана, ја совладаа екипата на „Теута“ со резултат 82-68. Така, Блокотехна, за прв пат во својата и во кошаркарската историја на Гевгелија стана шампион во регионалната „БИБЛ“ кошаркарска лига. Иако ослабени, поради повредите на капитенот Горан Главчев, Данило Мијатовиќ и Војче Лефковски, сите играчи на гевгелискиот тим го дадоа својот максимум и го добија своето прво финале. Пресудна се чини беше играта во одбрана.
Првата четвртина Блокотехна ја доби со висока победа од 25-9, втората ја доби Теута со 21-17, но во третата се чини Блокотехна го реши финалето во своја корист. Во оваа четвртина гевгелиските кошаркари освоија 28 спрема 15 кошеви. Последната четвртина беше формалност и Блокотехна ја доби со 23-12. Најдобри кај шампионите беа Пен со 31 поен, Ѓумиќ со 17 и Николиќ со 15 поени. Кај Теута најефикасни беа Хамати со 18, Вилсон и Виљотијевиќ со 13.
-Се чувствувам прекрасно, се радувам што успеавме да ја освоиме оваа титула. Иако, мора да признам, дека сум по малку и тажен што тоа не го направивме со КК „Кожув“, кој е секако дел од мојата кошаркарска историја, и јас посакувам еден ден и на нив да им се случи да имаат ваков голем успех. Среќен сум што го носиме пехарот во Гевгелија и таму ќе прославуваме. Игравме без двајца важни играчи, но останатите го оставија срцето на теренот и го дадоа својот максимум. Постоиме две и пол години, втора година сме во БИБЛ лигата и се надевам дека ова ќе биде само еден чекор кон освојување и на други трофеи“, изјави по победата Томица Главчев, првиот човек на КК Блоктехна.

Препорачуваме:

Дојран очекува нови спортски таленти

Сузана Мицева

Видео: Беласица ги запали моторите, во Радовиш со подршка на Ајдуците надиграна Плачковица

По 13 години интернационална кариера Владо Милев потпиша за ОК Џио Струмица

Ване Трајков