Спорт

Кикбоксерот Пепи Велков со злато во Будимпешта –Унгарија

Кикбоскерот од Струмица Пепи Велков го освои златото на турнирот во кикбоксерската дисциплина Ву-Шу Санда што се одржа во Будимпешта Унгарија. Според информациите што ги добивме од неговиот тренер Зоран Спасов, Велков имал три борби кои сите ги добил.  Во елиминациите го совладал преставникот на Унгарија, во полуфиналето преставникот во ова дисциплина од Словачка, додека во борбата за златен медал бил подобар од преставникот на Германија

Како што ни изјави Спасов, Велков презентирал одлична физичка подготвеност и брзина во сите три борби и е еден од главните фаворити за освојување на европската титула во ова дициплина. Станува збор за кикбоскерска дисциплина која е слична на ММА во која боксерот од КБК Тим Зоран Струмица неодамна се закити и со сребро на турнир во Војводина

Препорачуваме:

Шаховските таленти од Струмица Гоцев и Крумова со право на учество на Светското во Египет, но се потребни средства (видео)

Ване Трајков

МВП подобар од АБА во струмичкото дерби за кошаркари до 14 години

Ване Трајков

Видео- По дожд пешачеа и трчеа по Беласица 80 километри за да ги видат сите убавини