Спорт

Ексклузивно – По Виареџо три деца од Академија Пандев пред трансфер?!

По настапот на интернационалниот турнир Виареџо во Италија, три деца на ,,Академија Пандев,, веќе станале мета на повеќе европски клубови. Според информациите на ТВ Канал Вис, во Италија, дел од фудбалските менаџери , покажале интерес за фудбалери на Академијата која изминатава недела настапуваше на Виареџо Купот.  Се интересирале за возраста на децата но и можноста тие да се најдат на трансфер листата во младинските погони за кои работат.

Од Академијата за ТВ Канал ВИС потврдија дека  ја исполниле целта со настапот на овој турнир кој преставува неформално младинско светско првенство но и Саем на млади фудбалери.  Младите ,, пандевци,, со прикажаната игра  во дуелите со младинските состави на Интер и Специја од Италија  но и со австралиската Апиа, го привлекле вниманието на многу  фудбалски менаџери  претежно од Европа а со дел од нив  се направени првични контакти и разговори.  Не прецизираа за кои фудбалери станува збор и дали до крајот на сезонава или ова година, може да заминат нови деца во фудбалска Европа.

,,Академија Пандев,,  дебитираше во Виареџо Италија  и се најде во групата А со екипите на Интер Специја и Апија. Со два порази и една победа го осови третото место и не успеа да се најде во втората фаза. На дуелот Академија Пандев – Интер на трибините беше и лично Горан Пандев кој ги следеше своите пулени и навиваше за нив

use edna timthumb Cdg_jKqWoAAGJavakademija naslovna

Препорачуваме:

Струмичани и струмичанки пресилни!

Dimitar Micev

ОК „Наковски волеј“ објави уписи на нови членови за сезона 2023/2024

Ѓ. K.

Ракометните репрезентативци во Загреб го усреќија нивниот голем фан – струмичанецот Миленков