Забава

Како дигитализацијата во Естонија им заштеди 800 години бирократија

Како во Естонија се отвора фирма за 18 минути и зошто велат дека само бракот, разводот и продажбата на куќа не се дигитализирани? Се’ уште.

Дали некои од дигиталните системи можат да се применат во Македонија?

Бирократијата и јавните сервиси на сличен начин функционирале порано и во Естонија. За две децении од почетокот на дигитализацијата, заштедиле 800 години бирократија.

Во Естонија во моментов бирократијата е минимизирана бидејќи трансакциите можат да бидат целосно дигитализирани.

-Автоматизирани се затоа што Владата податоците ги прибира дигитално, што значи дека работата ја вршат машини. Тоа пак, значи, дека нема некоја личност што треба да стави печат на документот што ни е потребен, велат претставници на Estonia Showroom.

Процедурата за отворање фирма во другите држави бара огромна документација. Не и во Естонија. Таму се’ ќе завршите за неколку минути бидејќи постапката е дигитална и целосно скратена. Сепак, целата постапка ја проверува владин претставник што значи за целиот процес ви се потребни едвај неколку часа.

Естонците отидоа толку далеку со дигитализацијата што било кој граѓанин од светот може таму да отвори фирма и да добие дигитално државјнаство од земјата.

До сега се заведени околу 20.000 дигитални државјани и околу 3.300 компании кои работат преку естонскиот дигитален систем.

Меѓу другото, тие имаат дигитални лични карти кои ги користат за патување, идентификација, плаќање даноци, гласање но и за корстење на он-лајн услуги од државата.

Многу поважно, дигитализирана е здравствената заштита. Секој повик кон итната медицинска помош може да се открие за само 30 секунди, што значи дека интервенцијата е брза а чекањето сведено на минимум. Дигитална е и медицинската база. Со само еден клик, лекарот во било која болница доаѓа до податоците на пациентот и целата историја на боледување, со што веднаш може да се испратат важни инфомрации и брзата помош да знае што треба да прави кога ќе пристигне кај пациентот.

Дигитализацијата е корисна и од еколошки аспект. Употребата на хартија е сведена на минимум бидејќи сите податоци се трансферираат онлајн и нема потреба од принтање на документи како и трошење на тони и тони хартија во било која институција.

Препорачуваме:

Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа во Лас Вегас

Сузана Мицева

Живко Динев и пријателите Сузана Гавазова и Миле Кузмановски ве канат на летна „Боемска вечер“ во Струмица

Ѓ. K.

Урнебесно видео -Кога поголемиот брат му помага на помалиот да излезе од креветчето

Dimitar Micev