• Sat. May 11th, 2024

Кадетките на Струма-Геотермика со победа го започнаа Шампионат, во Скопје ги надиграа чаирчанки

Стартуваа натпреварите од кадетската ракометна лига на Македонија каде Струмица партиципира со своја екипа преку ЖРК ,,Струма Геотермика,, клуб кој се труди да врати сјајот на женскиот ракомет во овој регион

Струмичанки во рамките на првото коло беа убедливи во Скопје против тимот на Чаир. Забележаа победа од 31:13 при што половина од головите кај струмичкиот кадетски состав ги постигна Сара Стојанова која 15 пати ја терсеше мрежата на чаирчанки.

Според информациите од клубот кадетките на ,,Струма Геотермика,, покажале зрелост во мечот со Чаир и со одлична игра во одбраната мудро ја граделе победата во целиот натпревар во кој домакинките не успеале да им се спротистават.

Кадетскито шампионат на Македонија во женска конкуренција е поделен во два дела. Девојките од Струмица се во група 1 или источниот дел каде се пријавени 10 екипи. Само најдобирте од двете групи ќе разигруваат за шампионската титула.

Следното коло струмичанки играат дома пред своја публика. Во сабота во 11 часот во салата на СОУ Димитар Влахов го пречекуваат тимот на Овче поле.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *