• Wed. May 15th, 2024

Од недела ,,Street basket’’ турнир во Владевци, вреден 60 илјади денари

ByВане Трајков

Aug 24, 2018

Во пресрет на големиот христијански празник ,,Успение на Пресвета Богородица,,во населеното место Владевци општина Василево ќе се одржи традиционалниот ,,Street basket ’’ турнир . Турнирот ќе трае два дена а ќе започне во недела навечер кога екипите што ќе се пријават ќе ги одиграт елиминационите дуели додека следниот ден завршните.

Според организаторите во недела и понеделник лубителите на кошарката ќе имат можност да проследат интересни дуели на тимови составени од кошаркари кои активно или рекреативно се занимаваат со овој спорт а веќе оставиле белег на турнирот во Владевци

Пријавувањето на екипите ќе биде до 25 август со котизација од две илјади денари а наградниот фонд на овој турнир изнесува 60 илјади денари. Награди освен за најдобрите екипи ќе има и за најдобрите поединци кошаркари

Мечевите се играат на кошаркарското игралиште во Владевци во ноќни термини а покровител на ова спортска манифестација е општина Василево и градоначалникот Марјан Јанев

Заинтересираните може да пријават екипа на 070/482-351 и 070/636-317

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *